Цементарница УСЈЕ АД Скопје додели Јубилејни Награди на Вработените

26.4.2010

Секоја година Цементарница УСЈЕ АД Скопје традиционално доделува јубилејни награди на своите  вработени кои навршуваат 10, 20, 30, 35 и 40 години служба во компанијата.  УСЈЕ исклучително го вреднува и се гордее со трудот на своите вработени, нивните остварувања и придонес за постигнувањата на стартешките цели и долгорочната одрживост на компанијата.

Церемонијата се одржа на ден  14.04.2010год. кога Главниот Извршен Директор А.Николопоулос ги поздрави и им честиташе на славениците и им ги врачи дипломите и наградите.  По церемонијата беше организиран заеднички ручек за сите славеници. 

Оваа година за прв пат церемонијата на доделување на јубилејни награди е значително збогатена со уште една содржина која ќе му донесе поголема симболика на денот.  Организирана е акција при која секој награден ќе засади дрво во кругот на фабриката, кое ќе биде со негово обележје,  со што уште повеќе ќе се зголеми значењето на денот и на настанот, а воедно ќе придонесе за остварување на една трајна  вредност за планетата.

Садниците ги обезбеди Цементарница УСЈЕ АД Скопје,  дрвца Cupresociperis Leilandi со 2м. височина и ги подари на своите вработени за овој чин на засадување. 

Целта на Компанијата со оваа активност е да ја зголеми симболиката на церемонијата и на овој настан, а воедно да и да даде уште поголем придонес  за унапредување на животната средина.