Цементарница УСЈЕ со помош за настраданите во Србија

22.5.2014

Донацијата на Цементарница УСЈЕ е дел од хуманитарниот конвој за Белград што беше организиран од страна на Црвениот крст на Македонија

Цементарница УСЈЕ испрати камион пакувана вода за пиење како помош за настраданото население од големите поплави во соседна Р. Србија. Камионот со повеќе од 15.000 шишиња, односно околу 23.000 литри замина денеска за Белград од каде ќе биде прераспределен во најзагрозените подрачја во Р. Србија.

Донацијата на Цементарница УСЈЕ замина за Белград како дел од хуманитарниот конвој што беше организиран од страна на Црвениот крст на Р. Македонија.

Огромната несреќа што ги зафати граѓаните на соседна Србија предизвика големи загуби. Пред сé ненадоместливи се човечките загуби што за жал ги донесе оваа природна катастрофа. Преку нашиот мал гест сакаме да покажеме длабоко сочуство, но и конкретно да помогнеме со најнеоходните потребни намирници во овие денови за жителите на настраданите подрачја.