Годишни извештаи

Во 2010 година, УСЈЕ го објави првиот извештај за Корпоративна општествена одговорност и одржлив развој. Оттогаш извештаите се објавуваат на редовна основа, сумирајќи ги најважните годишни финансиски и нефинансиски резултати и придонесот на компанијата во различни општествени сегменти.

На оваа страница може да ги погледнете извештаите од различни години.

ESG ИЗВЕШТАЈ 2024

Извештајот за 2024 година за резултатите во животната средина, придонес кон општеството и корпоративното управување на УСЈЕ се однесува на периодот од 1 јануари до 31 декември 2024 и нуди сеопфатен преглед на нашето работење во однос на животната средина, придонес кон општеството и корпоративното управување. Изработен со цел осврнување кон очекувањата на нашите засегнати страни. Извештајот ги следи пристапот и стандардите на Групацијата ТИТАН во врска со следење, известување и проверка на објавените податоци во Извештајот.

Почнувајќи од 2009 година, УСЈЕ доброволно се залага за објава на годишните резултати во однос на животната средина, придонес кон општеството и корпоративното управување, а со тоа и се зајакнува нашата заложба за транспарентност и вклученост на засегнатите страни во однос на клучни материјални прашања. Оваа години претставува значаjна пресвртница бидејќи промотивно го објавуваме нашиот целосно дигитален ESG Извештај, а со тоа ја подобруваме и достапноста и одржливоста.

ГРУПАЦИЈА ТИТАН  

Погледнете ги годишните извештаи на Групацијата ТИТАН.